Милчин до Адеми: Како не ти е срам?

Милчин до Адеми: Како не ти е срам?
14.07.19   12:08

Прочитано : 3,299

Print This Article

Професорот, Владимир Милчин, со статус на фејсбук му се обрати на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по повод неговото интервју за „Радио Слободна Европа“, особено во оној дел каде вeli дека се појавила „хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО“.

Милчин реагира на оваа изјава посочувајќи дека не е хистерија тоа што пред два дена се отвори пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, во сопственост на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Општина Охрид.

„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

  Категории: