„Мие у Тетоо“ филм за соживотот раскажан од верските лидери

„Мие у Тетоо“ филм за соживотот раскажан од верските лидери

Иницијативата „Граѓански комуникации“ од Тетово одржи проекција на документарниот филм „Мие у Тетоо“ како дел од своите кампањски активности со главна порака „За Убаво Тетово“. Филмот содржи пораки на религиските лидери во градот во однос на традицијата на разбирање, толеранција и соживот.

-Ние тука во Тетово сме како еден мозаик со разни делови и затоа треба да се сакаме и почитуваме. Во секојдневната реалност можеби не е така, ама треба да се почне. Сиромаштијата, конфликтот од 2001 година се меѓу причините, изјави дервиш Абдулмуталип Беќири од бектешката верска заедница.

По прикажување на филмот дел од промоцијата беше и дебата на тема соживот и разбирање. Ова е трета активност на иницијативата „Граѓански комуникации“ .

-Досега имавме изложба низ слики каде го претставивме сметот како проблем број 1. Преку фото шоп беше направено како ние сакаме да биде во нашиот град. Втората наша иницијатива се однесуваше на велосипедските патеки каде што поставивеме маркации, со порака каде треба да ги има во однос на поголема безбедност за учесниците и важноста како спортска активност, истакна Катерина Пауновска, активистка во „Граѓанска комуникации“.