Мицкоски: Томислав го познавам од детство, но ќе предложам негово разрешување

Мицкоски: Томислав го познавам од детство, но ќе предложам негово разрешување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на следната седница на Извршниот комитет, ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е дел од неговиот кабинет, поради настанот неделава кога Димитровски репетирал пушка кон негов сосед.

Мицкоски денеска рече дека не бил тука кога се случил тој настан, но ги следел случувањата во медиумите.

– Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена – рече Мицкоски.