Мицкоски ќе се извини кога ќе згреши

Мицкоски ќе се извини кога ќе згреши
20.09.19   11:20

Прочитано : 1,799

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Христијан Мицкоски, по кој знае кој пат пред јавноста, најблаго кажано, даде проблематичен одговор на прашањето дали ќе им се извини на граѓаните на Македонија за злоделата направени за време на 11-годишниот период на груевизмот. Мицкоски го кажува рутински истренираниот ступиден и стереотипен одговор, кој очигледно многу му се допаѓа – дека тој со тоа нема никаква врска.

Едноставно, партиското наследство и неотплатени долгови кон државата и кон граѓаните не ги прифаќа. Вели, кога тој ќе згреши, тогаш ќе се извини. Ова многу кажува за него и за партијата на чие чело е, но и за сегашните следбеници на Никола Груевски во партискиот врв. Кажува и за лошата особина и менталитет на македонската јавност, која е со кратко паметење кога се во прашање гревовите на ВМРО-ДПМНЕ и неговите раководства. Мицкоски и неговите соработници го бришат од својата меморија најцрниот период во историјата на независна Македонија и сега се трудат од петни жили таа амнезија да биде колективна. Сите треба да ги заборавиме црнилата и тиранијата од страховладата на Никола Груевски поради грешките на актуелната власт со аферата „Рекет“ која Мицкоски и неговите соработници ја сметаат за поголемо зло од сите гревови направени во ерата на груевизмот. Мицкоски множи минус по минус, рекет со црна ера, и добива плус. Така е во математиката, ама во животот минус и минус се собираат и резултатот за тие што треба да ја платат сметката (а тоа се граѓаните) е катастрофален пораз.

Замислете ако оваа логика на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ ја применат сите партиски лидери и поранешни функционери премиери и влади. Тоа што било пред нас пу, пу, пу… не важи. Зошто, на пример, би се извинувал за страдањата на светот Вили Брант поради злоделата на нацизмот и за злосторствата во Втората светска војна. Брант тогаш дури и не бил политичар ниту, пак, припаѓал на таа партија и не соработувал со Хитлер, како Мицкоски што соработувал со Груевски, поради што како човек од најголема доверба стана на општо изненадување негов наследник. Сега е веќе сосема јасно, и на тие што не им беше, зошто Груевски го одбра Мицкоски.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести