НЛБ Банка со награда за најдобра банка во Македонија од Еуромани во Лондон

НЛБ Банка со награда за најдобра банка во Македонија од Еуромани во Лондон
12.07.18   15:03

Прочитано : 62

Print This Article

НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија од страна на Еуромани. Наградите, како што соопштуваат од Банката, се врачени вчера во Лондон.

Според Банката оваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

– Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата, наведува магазинот во соопштението по повод прогласувањето на банката.

  Категории: