Мета не ја потпиша уредбата за нов министер за надворешни работи

Мета не ја потпиша уредбата за нов министер за надворешни работи
10.01.19   14:17

Прочитано : 99

Print This Article

Албанскиот претседател Илир Мета одби да даде зелено светло за предложениот нов шеф на дипломатијата Гент Цакај  предложен  од страна на премиерот Еди Рама. Притоа оцени дека Цакај е неодговорен и неговото назначување за министер би било штетно за Албанија.

Тој во образожението објаснува дека „Гент Цакај како заменик министер за надворешни работи на Албанија во интервју дадено за ТВ Клан – Косово, изнел неодговорни ставови околу границите на Косово и Србија, Албанија и Грција како и за целиот западен Балкан. Овие изјави на Цакај се спротивни на ставовите на Албанија“ истакнува Мета и додава дека тој не е погоден за да биде шеф на албанската дипломатија. 

 Медиумите истакнуваат дека  Цакај отворено застанува зад ставовите на косовскиот претседател Хашим Тачи околу промената на границите, бидејки Цакај кој има само 28 години и има двојно косовско и албанско државјанство и ги подржува ставовите на Тачи на Косово .

Премиерот Еди Рама одлуката на претседателот на државата Мета ја нарече срамна и недговорна  и упати остри критики на адреса на претседателот.

Засега не е јасно  кој ке биде новиот чекор на Рама околу оваа одлука на Мета, но аналитилчарите оценуваат дека  станува збор за отворен судир на премиерот и претседателот околу меѓународните позиции на земјата .

К.М.

  Категории:
view more articles

Актуелно