Мерко ја отвори дивоградбата на советникот Усеини од ДУИ во Охрид

Мерко ја отвори дивоградбата на советникот Усеини од ДУИ во Охрид
12.07.19   16:38

Прочитано : 1,576

Print This Article

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа присуствуваше на отворањето на пицеријата, која е дивоградба кај Чинарот во Охрид, пренесува „360 степени“.

Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести