Меркел и Германија оддадоа почит на извршителите на обидот за атентатот над Хитлер

Меркел и Германија оддадоа почит на извршителите на обидот за атентатот над Хитлер
20.07.19   21:48

Прочитано : 589

Print This Article

Германија денеска одбележа 75 години од неуспешниот атентат над Адолф Хитлер. Во Берлил, државниот врв им оддаде почит на извршителите.

Во својот говор, канцеларката Ангела Меркел порача дека постојат момент кога непослушноста е обврска и оти мора да се извлече поука од историјата.

– Мораме да го одржуваме сеќавањето на извршителите и да одадеме почит. Мораме да се погрижиме поуките од минатото да не избледат – порачала Меркел.

Настанот се одржа кај Министерството за одбрана, чиј прв човек е Анегрет Крамп-Каренбауер, која ја придружуваше по Меркел. Таа пред неколку дена ја замени Фон дер Лејен, а пред неколку месеци ја наследи Меркел на чело на ЦДУ.

  Категории: