Мелита им врати на “ Анима Мунди“- “Не сум лицемерна, брзо заборавивте што се имам направено за животните“

Мелита им врати на  “ Анима Мунди“- “Не сум лицемерна, брзо заборавивте што се имам направено за животните“
26.01.16   16:56

Прочитано : 9,628

Print This Article

 Здружението за заштита на животните “Анима мунди“ со остри критки кон Тв водителката Мелита Ракичевиќ за тоа што таа ,во својот бутик продава бунди од природно крзно. Meлита им одговори сом куса порака ,потсетувајки го здружението што таа направила за животните до сега.

meli

Либертас  успеа да ја иконтактира  Мелита за да ни  го каже нејзиниот став околу   отвореното писмо на “Анима мунди“ на најзина адреса.

“ 15 години водев емисија за миленици, со помош на таа емисија вдомив илјадници бездомни кучиња и мачки. Дома чувам миленици собрани од “Вардариште“.Станувам ноќе во ниедно време и на овие ниски температури ги топлам уличните животни во мојот двор и во соседните паркови. За сиве овие години,  болни  и изнемостени животни на мој трошок носам по ветеринарните станици, и тоа го правам со голема љубов. Да, точно е, во мојот бутик има бунди со природно кразно, но јас не сум ги убила тие животни. Да не се лажеме, месната и крезнената индустрија постојат откако постои човештвото. Тоа не може да се сопре. Би ве прашала сите вас, дали имате дома барем еден кожен ремен, чанта или паричник од кожа? Имате ли кожен мебел? Јадете месо? Јас кога помагав за заштита на животните, вие од “Анима мунди“ не ни постоевте“.Затоа немојте да скокате.Одговорете ми на горенаведените прашања па ќе зборуваме, им врати Мелита на “Анима мунди“.

  Категории:
view more articles

Актуелно