Мехмети во Студио 1: Груевски ги направи албанските политичари слуги – од ДУИ треба да му подигнат споменик на Заев

Мехмети во Студио 1: Груевски ги направи албанските политичари слуги – од ДУИ треба да му подигнат споменик на Заев
10.12.18   21:06

Прочитано : 1,002

Print This Article
ким-мехмети

Живееме во интензивно време, а гледаме едно вриење кое последнава година е присутно на Балканот. Што се случува во Албанија и Косово периодов, каде власта е на критика, а актуелно е решавањето на спорот со Србија околу признавањето на независноста на Косово, но и можноста за размена на територии?

На оваа и слични теми кои се актуелни во регионот, домаќинот на денот Ордановски разговараше со публицистот Ким Мекмети.

„Се потрошија сите лаги, Ние живееме во партиски-секташки држави“

„Сметам дека веќе се заврши лажната илузија дека живееме во демократски држави, се потрошика сите лаги и тоа што ЕУ го продаваше во овие земји. Во име на стабилноста да жртвува се. Ние постојано живееме во партиски, односно секташки држави. За жал и на меѓународните структури им одговараат вакви политичари. Тие се арогантни кон нас а се фини кон странците. На крај тоа се сведе на тоа дека кај нас немаше избори, туку партиите ги бираа луѓето кои требаше да гласаат за нив“, рече Мехмети.

Што се случува во албанската заедница? Борбата против криминалот. Косово во жестока дебата – поделба на територијата за меѓународно признавање. Преспанскиот договор и решението за името. За т.н „Платформа на Тирана. За општествено – политичките случувања во Македонија и актуелната политичка ситуација во државава.

Целиот разговор погледнете го во видеото

  Категории:
view more articles

Останати вести