(ВИДЕО) Меџити во Студио 1: ДУИ целосно застанува зад Стево Пендаровски и негов избор за претседател на државата

(ВИДЕО) Меџити во Студио 1: ДУИ целосно застанува зад Стево Пендаровски и негов избор за претседател на државата
23.04.19   23:51

Прочитано : 361

Print This Article

Шефот на изборниот штаб на ДУИ Изет Меџити, во отвореното Студио 1 изјави дека неговата партија целосно застанува зад кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател.

-Ова беше предизвик, имавме пред вид дека за ова можеме да платиме политички поени, но и покрај тоа се одлучивме од првиот круг да го поддржиме Пендаровски заради концептот и идејата, заради процесите што се одвиваат во државава. Во вториот круг ни е многу полесно, бидејќи изборот е меѓу одењето заедно напред или се враќаме во минатото, што не оди во прилог на интересите на граѓаните, рече Меџити.

Меџити рече дека помина времето на национализмите и дека за 95% од Албанците во Македонија влезот во НАТО и ЕУ е приоритет.

-Координатор токму на НАТО процесите како што е Пендаровски мислам дека е најсоодветниот, кој нема да одмогне, туку ќе помогне во процесот Македонија што побрзо да биде членка на НАТО, побрзо да се приближи до ЕУ и да се отвори нова перспектива за граѓаните, изјави Меџити.

Во интервјуто тој не исклучи дека и ДУИ ќе размислува за слабостите во функционирањето на Владата и нејзините функционери.

  Категории: