Матадор ја разбесни јавноста

Матадор ја разбесни јавноста
15.05.19   13:14

Прочитано : 917

Print This Article
bik

Шпанскиот матадор Моранте де ла Пуебла деновиве привлекува внимание на интернет откако пред крајот на претставата, кога жртвата веќе беше многу слаба и исцрпена, матадорот извади марамче, му ги избриша крвавите солзи, па дури потоа го уби животното.

Видеото од сѐ тоа, никого не остави рамнодушен.

– Само зол и изопачен ум може да мачи животно додека не му потече крв по нозете, а потоа и да му ги избрише солзите. Неверојатно е тоа колку овој човек е бесчувствителен!, изјави Силвија Барчеро Ногалес, претседателка на шпанската партија која се бори за правата на животните.

Друштвата за заштита на животните одамна сакаат да се забранат борбите со бикови, кои се дел од  шпанскиот и јужноамериканскиот фолклор, но сѐ уште не успеваат во тоа.

  Категории: