„Маседонијан хани“ европски победник на „Стартап Јуроп авордс“ за 2017

„Маседонијан хани“ европски победник на „Стартап Јуроп авордс“ за 2017
8.10.18   11:26

Прочитано : 93

Print This Article

„Маседонијан хани“ европски победник на „Стартап Јуроп авордс“ за 2017

Компанијата „Маседонијан хани“  (Macedonian Honey) е европски победник во категоријата клима  (климатски промени) на „Стартап Јуроп авордс“ (StartUp Europe Awards) за 2017 година.

Достигнувањето на компанијата денеска ќе биде соопштено пред јавноста на прес-конференција, на која, како што е најавено, ќе говорат  министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, директорот на „Финнова“ (Finnova), организатори на „Стартап Јуроп  авордс“, Хуан Мануел Равуелта Перез и  Луиџи А. Делаквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.

„Маседонијан хани“ е формирана со идеја дека мора да има подобра иднина за пчелата, биодиверзитетот и природата.

– Во ова време на климатски промени, исчезнувањето на пчелите, намалувањето на биодиверзитетот, ние сме исправени пред одговорна задача да преземеме нешто. Опрашувањето, биодиверзитетот и човековата благосостојба се тесно поврзани, затоа сите ние сме вклучени без разлика дали сме бизнисмени, фармери, научници, индустријалци, политичари или едноставно – луѓе, велат од компанијата.

Резултат на работата на „Маседонијан хани“ е спречување на изумирањето на пчелите, зголемување на популацијата на диви пчели во природата, заштита на биодиверзитетот и намалување на ефектот на климатските промени врз човековото живеење.

– Затоа создадовме нова иновативна кошница што е приспособена на природните потреби на пчелата и воедно ја олеснува работата на пчеларот. Пчелите одгледани во „ел-хајв“ (Elle-Hive)  стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени, додаваат од компанијата.

Кошниците се поставени на планинскиот масив Бистра-Стогово во југозападна Македонија, близу градовите Дебар и Кичево, на 100 километри воздушна линија од Јадранско Море, каде што природата е полна со богата вегетација и медоносни лековити билки како жалфија, нане, маточина, планински чај.

„Маседонијан хани“ ја формираше и платформата „Интернешнел би-стејшн“ (International Bee-Station), која претставува место каде што поединци, фирми, меѓународни организации, амбасади и други оганизации ќе се сретнат и заедно ќе придонесат за заштита на природата.

  Категории: