Маричиќ: Усвојување на законот за Обвинителство ќе го зајакне извештајот на ЕК за РСМ

Маричиќ: Усвојување на законот за Обвинителство ќе го зајакне извештајот на ЕК за РСМ
15.05.19   23:31

Прочитано : 120

Print This Article

Во Брисел е во тек скринингот, две недели пред објавувањето на Извештајот на ЕК за земјите кандидатки за членство во ЕУ. Во телефонско јавување во Централниот дневник на 1ТВ, Бојан Маричиќ, советник на премиерот Заев и дел од тимот кој лобира во Брисел за добивање датум за преговори, вели дека за сега постои начелна најава за напредок во сите области, особено во четирите клучни кои Европскиот Совет лани ги означи како најважни – владеење на правото, реформи во судството и јавната администрација и борбата против корупцијата и криминалот.

-Законот за Обвинителството е еден од клучните кои треба да се донесат и за него е потребно двотретинско мнозинство. Во ЕК се свесни за тоа, но Извештајот секако ќе биде зајакнат со позитивни оценки ако овој закон биде усвоен. Имаме јасен план до објавувањето на Извештајот да направиме максимални напори законот да се усвои, но тоа ќе зависи од резултатите од политичкиот дијалог со опозицијата и со сите политички партии. Треба да се очекува да се интензивираат напорите и да се постигне договор до објавувањето на извештајот, вели Маричиќ.

Како што додава, сите земји членки го препознаваат и го признаваат видливиот напредок на Северна Македонија во однос на сите горенаведени области и оддаваат признание за договорите со Грција и со Бугарија. Случајот е подготвен и ставен на масата на државите членки. За сега некои од нив сметаат дека е подобро да одиме во пакет со Албанија, а некои дека треба да се одвојат. Според македонската делегација, сѐ додека тоа не му штети никому, нема никаков проблем да одиме заедно, но битно е секоја држава да биде оценувана индивидуално.

Целиот разговор можете да го проследите во видеото.

  Категории: