Маргиналци и криминалци

Маргиналци и криминалци
11.01.19   18:56

Прочитано : 1,915

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Се виде тоа кога тврдокорните го молеа Мицкоски да им се обрати на нивниот протест пред Собранието. А тој ги одби. Зошто? Веројатно затоа што уште не беше стигнала дозволата од Будимпешта да држи говор. Па другиот ден самиот си донесе бина. Арно ама, по само два саата преку Фејсбук се јави менторот од Будимпешта со истите фрази од говорот на лидерот.

Мицкоски е лидер на најголемата опозициска партија. Исвиркан од стотина маргиналци, организирани од Јанко Бачев. Па уште и Љубчо Георгиевски, првиот претседател на партијата, што игра и на струја и на батерии, се јави на телевизија да му каже на лидерот да им даде уште два гласа на пратениците од мнозинството за да не им дозволува на пратениците од Беса да уценуваат на штета на македонизмот.

И какви поени собра Мицкоски? Уште ли не му е јасно дека Македонија ќе влезе во НАТО? Уште ли ќе се прави наудрен дека не знае оти за да влезе во НАТО, државата мора да го смени името? Дека 26 години се преговара за промена на име? А не за задржување на името?

И што направи Мицкоски? Наместо тој да стане главен фактор и како нов лидер да ѝ осигура на ВМРО-ДПМНЕ историска улога во зацврстувањето на македонската државност, тој направи фактори од другите. Прво, ги направи историски фактор криминалците од неговата партија. За да на крај го направи историски фактор не само некое движење Беса, туку и таму некоеси крило на Беса.

Се жалеше по улици – се пазареле, ги уценувале, им вршеле притисок… Па, што не се пазареше и тој? Може и ќе испазареше нешто подобро за државата. Поарно тој да се пазареше, отколку Билал Касами и Зијадин Села. Не знам зошто тој самиот се смета за помалку важен од Касами. И зошто ВМРО-ДПМНЕ е помалку важна од Беса? Можеби затоа што им избега почесниот претседател? А за Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ е безвредно без Груевски.

Ај што направи фактор од фолирантите на Беса сосе крилото. Тие барем имаат двајца пратеници. Ама лидерот на ВМРО-ДПМНЕ направи фактор и од Јанко Бачев. Кој нема ниту еден пратеник. Човекот што протестира со руски знамиња и се противи на влезот на Македонија во НАТО.

За да не му се налутат Американците, на Мицкоски отпосле му текна да вика „Не нè карајте со пријателите“. Џабе му е. Маргиналците му ја освоија и улицата. И сега, ако сака пак да ја освои и таа говорница му е зафатена.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

  Категории: