Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата

Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата
21.10.19   08:50

Прочитано : 122

Print This Article

Британскиот тенисер Енди Мареј не успеа да ги задржи солзите по освојувањето на финалето на турнирот во Антверпен. Вчера, во решавачкиот натпревар, тој го совлада Стен Вавринка од Швајцарија со 2-1 (3:6, 6:4, 6:4).

Овој наслов беше прв за Мареј по операцијата на колкот.

  • Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу тешко. Стен и јас имавме многу повреди подолг период. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен, изјави мареј.

Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.

 

  Категории: