Макрон изрази солидарност со сириските Курди и нивната борба против ИД

Макрон изрази солидарност со сириските Курди и нивната борба против ИД
9.10.19   15:15

Прочитано : 40

Print This Article

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се сретна со портпаролот на Сириските демократски сили, групацијата која ги предводи Курдите во оваа земја, Џихан Ахмед, за да му изрази солидарност со нив и нивната борба против таканаречнета Исламска држава, сооопштено е од кабинетот на Макрон.

Состанокот, наведуваат британските медиуми, бил можност да се повтори пораката дека Франција и натаму е многу загрижена заради напредокот на турската воена операција во Сирија.

Турција претходно соопшти дека е подготвена да напредува кон североистокот на Сирија, откако САД почнаа да ги повлекуваат своите сили од Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трапп веќе два дена е под жестока критика во Вашингтон заради , како што се наведува, „предавството на Курдите“.

  Категории:
view more articles

Актуелно