Макрадули: Можам да дебатирам за изјавата на Манчевски како паталец со примери дека ни знаење, ни искуство не помагаше за вработување

Макрадули: Можам да дебатирам за изјавата на Манчевски како паталец со примери дека ни знаење, ни искуство не помагаше за вработување
11.02.19   23:52

Прочитано : 1,178

Print This Article

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил даде коментар на бројните реакции на изјавата на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој кажа дека „10 години членовите на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата“.

„За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време.

Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат.

Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа“, напиша Макрадули.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести