Макрадули: Ќе започне интегрирана акција за намалување на загадувањето

Макрадули: Ќе започне интегрирана акција за намалување на загадувањето
9.01.18   21:26

Прочитано : 791

Print This Article

Додека цела држава се задушува од загадениот воздух, на виделина вистинскиот проблем. Поделбата на ингеренциите на повеќе сектори и надлежни министерства го кочат справувањето со загадувањето. Од министерството за животна средина признаваат дека дел од мерките кои ги наметна Владата токму заради некоординираноста и потфрлањето на дел од институциите, не можат да се спроведат и затоа нема големи резултати. Таков е случајот со забраната за возила на скопско „Водно“. За да се надмине ваквата состојба, Министерството за жвотна средина и Владата подготвуваат интегрирана акција во која ќе бидат опфатени повеќе активности за намалување на загадувањето. За почеток, ќе се утврдуваат кои од државните институции користат штетни горива за затоплување, како на пример мазут. Сите тие ќе добијат нови еколошки системи за греење.

„Министерство за труд и социјала и министерство за економија подготвуваат и се во завршна фаза за обезбедување на системи за затоплување за одредени домови, има посебни ставки и во министерство за економија за замена на грејни тела, а во подготовка е забрана за користење на јаглен како извор на загревање.“ – изјави Јани Макрадули – заменик министер за животна средина, за Алсат-М.

За да нема дополнителен раст на ПМ 10 честичките ќе се заштитат и чистат дивите депонии за да не може да се палат, но и да ја загадуваат околината. Во наредниот период ќе се стимулира отворање на компании кои ќе го управуваат, селектираат и рециклираат отпадот. Има зачестени вонредни инспекциски контроли, а само во декември казнети се четири претпријатија заради тоа што загадувале. Новина и тоа што во иднина и комуналните инспектори ќе можат да казнуваат ако увидат дека има направено прекршок.

„Сметаме дека комуналните инспектори се доволно обучени и стручни да проценат одреден тип на загадување и за да земаат мерки и да бидат надзор.“ – вели Макрадули

Инаку и денеска како и во изминатите неколку дена во Скопје, Тетово и Битола граѓаните дишат неколку пати над дозволеното загаден воздух. Најзагадено и денеска е кај Ректорат, потоа во Карпош и во Гази Баба. Таму мерните станици цел ден беа обоени со црвено и покажуваа над 100 микрограми на метар кубен загаден воздух. Од вчера на сила се мерките за бесплатен градски превоз, а бремените жени, лицата постари од 60 години, болните од астма и изнемоштените да не одат на работа.

  Категории: