Македонско друштво „Илинден“: Тирана бара од Владата на Албанија да се формираат општина Голо Брдо и Гора

Македонско друштво „Илинден“: Тирана бара од Владата на Албанија да се формираат општина Голо Брдо и Гора
18.08.19   16:40

Прочитано : 85

Print This Article

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати барање до владата во Тирана со цел да се измени законот за територијална поделба на земјата бидејки според оваа здруќение законот од 2о14 година не ги донесе потребните ефекти , се наведува во соопштение на друшството . Притоа се додава дека оваа здручение и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо беа убедени дека последната терториална поделба во Албанија не донесе просперитет за Голо Брдо и Гора . Во соопштението се нагласува дека ,, Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора, спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите. Имено, за еден извод треба да се патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности,,.

Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското национално малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба, се наведува во соопштението .

КМ

  Категории: