Македонскиот бисер Охрид – дел од светската урбана елита на форумот „Ден на градовите“ во Женева

Македонскиот бисер Охрид – дел од светската урбана елита на форумот „Ден на градовите“ во Женева
15.04.19   13:19

Прочитано : 383

Print This Article

Македонскиот туристички бисер, градот Охрид, заедно со  Охридското Езеро под патронат на УНЕСКО – како светско културно и природно наследство,  ја имаше честа да биде дел од светската урбана елита и во друштво на најпознатите светски метрополи.

Негова делегација, предводена од В.Д. градоначалник Константин Горгиевски, во седиштето на Обединетите нации во Женева, учествиваше на пленарната дебата од форумот „Ден на градовите“, организиран од  Економската комисија за Европа, при светската асамблеа на Ист Ривер, во Њујорк.

Константин Георгиески, во Женава говореше на  темата „Подобрување на квалитетот на животот и урбаните навики“.

Тој ја потенцираше потребата од дополнителна едукација на населението за употребата на превозни средства кои не ја загадуваат животната средина, одржливиот развој на градот и употребата на SMART концептот.

Горгиевски настапи на Третата сесија, раководена од еден од врвните светски авторитети за планирање и употреба на SMART концептот, професор на елтиниот американски Универзитетот „Харвард“,Спиро Полалис

На собирот, мегу другите искуствата го споделија, градоначалниците од Милано, Москва, Осло, Хелсингборг, Охрид, Братислава, Сан Марино, Тирана, Глазгов, Хелсинки, Тампере, Јелгава, Алесунд, Бургас, Подгорица, Тбилиси, Целје, Бишкек, Калуга, Бон, Екатеринбург, Торино, Баку, Гродно, Уфа, Света Недеља, Савона, Брест, Киев, Никозиа и Сараево.

– Целта на овој мегународен собир под закрила на Обединетите нации, беше на едно место да ги собере градоначалниците од повеќе градови, кои ќе го пренесат нивното искуство, знаење и добрите практики во планирањето на паметните градови – објасни за Либертас, Коста Георгиески.

Веле Митаноски

  Категории: