(ВИДЕО) „Маја готви“: Лосос и рижото со спанаќ

(ВИДЕО) „Маја готви“: Лосос и рижото со спанаќ
2.11.18   17:08

Прочитано : 481

Print This Article
loading...
loading...

Во денешното издание на „Маја готви“ ќе ви понудиме лосос и рижото со спанаќ.

За рижото постојат митови дека тешко се приготвува и дека е едно од екслузивните јадења, но во суштина тоа воопшто не е така. Рижото е едно од наједноставните јадења кое може да го направите, неопходно е само да имате трпение.

За спремање на лососот потребни ви се лимон, власец и путер. Лососот се става во алуминиумска фолија, се прелива со сосот од лимон и путер. Се пече на загреана рерна 10 минути и на крај се додава свеж власец.

За подготовка на рижото со спанаќ потребни ви се: млад кромид, путер, лук, пилешки бујон, бело вино, ориз, спанаќ, лимон, пармезан, сол и бибер. Целиот начин на спремање, погледнете го во видеото.

  Категории: