Мајкл Мур: „Џокер“е ремек дело. Гледајте го. И одлучете се!!!

Мајкл Мур: „Џокер“е ремек дело. Гледајте го. И одлучете се!!!
9.10.19   14:05

Прочитано : 516

Print This Article

Минатата среда на филмскиот фестивал во Њујорк изгледав филмско ремек-дело, филмот што минатиот месец ја освои главната награда за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Се вика „Џокер“ – и се што ние, Американците, сме слушнале за овој филм е дека треба да се плашиме и да се држиме подалеку од него. Кажано ни е дека е насилен и болен и морално коруптивен – дека е поттикнување и слава на убиството. Кажано ни е и дека полиција овој викенд ќе биде присутна на секоја проекција во случај на „проблем“. Нашата земја е во длабок очај, нашиот устав е на парчиња, примитивен манијак од Квинс има пристап до нуклеарните кодови – но, поради некоја причина, треба да се плашиме од филмот.

Јас би го предложил спротивното: Поголема опасност за општеството сте ако не го гледате овој филм. Бидејќи приказната што ја раскажува и прашањата што ги отвора се толку длабоки, толку неопходни, така што ако не го погледнете ова генијално уметничко дело, ќе ја пропуштите рефлексијата која ни ја нуди. Да, во таа рефлексија има вознемирен кловн, но не е сам – ние стоиме покрај него.

„Џокер“ не е филм за суперхерој или супернегативец или едноставно филм инспириран од стрип. Филмот е сместен некаде во 70-тите или 80-тите години во Готам – а режисерите не прават обид да го маскираат во ништо друго освен тоа што е: Њујорк, седиштето на сето зло: богатите кои владеат со нас, банките и корпорациите на кои им служиме, медиуми кои секојдневно нè хранат со „вести“ кои мислат дека треба да ги „свариме“. Минатата недела, една недела откако претседателoт, во стилот на Џокер, се обвини себеси и глупо се смееше на неможноста на Мулер и демократите да го спречат, им предаде се што им требаше. Но, дури и тогаш, десетина дена по разоткривањето на неговата вина, тој сè уште седи од нуклеарните кодови мрсни од KFC во овалната канцеларија, од каде му рече на капетанот Скитчи да го запали хеликоптерот чиј звук само ги алармираше новинарите да останат надвор за дневната „прес-конференција“ – Трамп во глувата какофонија и јавно и клеветнички побара Кина да се замеша во нашите избори во 2020 година за да му открие компромитирачки информации за „Бајденс“. Тој и неговиот тепих од коса потоа се оддалечија, и освен вресокот на граѓаните „Можете ли да поверувате?!“ ништо не се случи. Додека овој викенд се проектира „Џокер“ Џокер џуниор сè уште седи на бирото на Џон Ф. Кенеди во Овалната канцеларија, сонувајќи за неговиот следен подвиг и разврат.

Но, овој филм не е за Трамп туку за Америка која ни го донесе Трамп – Америка која чувствува дека нема потреба да им помогне на отфрлените, сиромашните. Америка каде валканите богати само стануваат побогати и повалкани.

Се поставува и непријатно прашање: Што ако еден ден отфрлените решат да возвратат? И не  преку гласањето. Луѓето се загрижени дека овој филм може да биде премногу насилен за нив. Навистина?

Размислуваме што се живееме во реалниот живот? Дозволувате училиштето да спроведува „активни стрелачки вежби“ пред вашите деца, емоционално трајно оштетуваји ги бидејќи им покажува дека ова е животот што го создадовме за нив. „Џокер“ јасно ни кажува дека во суштина не сакаме да стигнеме до сржта односно да се обидеме да разбереме зошто невините луѓе стануваат Џокер, откако веќе не можат да издржат. Никој не сака да праша зошто две паметни момчиња го прескокнале часот по француска филозофија за да масакрираат 12 студенти и професор. Кој би се осмелил да праша зошто синот на потпретседателот на „ General Electric “ би разнел 20 првооделенци. Или, зошто 53% од белите жени гласаа за претседателскиот кандидат кој е сексуален предатор?

Стравот oд „Џокер“ е измама. Тоа е одвраќање од согледувањето на вистинското насилство што ги расипува нашите сограѓани – 30 милиони Американци кои немаат здравствено осигурување е акт на насилство. Милиони злоупотребени жени и деца кои живеат во страв се чин на насилство. Убивање на 59 студенти како безвредни сардини во училниците во Детроит е чин на насилство.

Додека медиумите се во исчекување на следното масовно пукање, вие, вашите соседи и соработници веќе биле застрелани неколку пати, застрелани директно во вашето срце, надежи и соништа. Вашата пензија одамна ја нема. Вие сте задолжени за наредните 30 години затоа што сте сториле кривично дело – сте сакале образование. Дури и сте размислувале да немате деца затоа што немате срце да ги донесете на планета што умира, каде што би им била изречена смртна казна на 20-години поради климатските промени. Насилството во „Џокер“? ДОСТА!

Самиот Џокер, лице кои имаат потреба од помош, кое се обидува да преживее на маргините на алчното општество, е жртва на поголемиот дел од насилството во филмот. Неговиот криминал е што не може да добие помош. Негов криминал е што е предмет на исмевање на богатите и славните. Кога Џокер ќе одлучи дека повеќе нема да трпи – да, ќе се чувствувате страшно. Не заради (минималната) крв на екранот, туку затоа што длабоко во себе, навивате за него – и ако сте искрени, ќе му заблагодарите на овој филм за тоа што ви ја освести оваа нова желба – да не трчате да најблискиот излез, туку да стоите и да се борите и да го насочите вниманието кон ненасилната моќ која ја имате.

Ви благодарам Жоакин Феникс, Тод Филипс, Ворнер Брос и сите кои го направивте овој важен филм во овој момент. Ми се допаднаа повеќекратните омажи на Taxi Driver, Network, The French Connection, Dog Day Afternoon. Колку време помина од кога последен пат изгледавме филм кој се стреми кон нивото на Стенли Кјубрик? Одете и гледајте го. Однесете и некој тинејџер. И одлучете се.

Мајкл Мур

 

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести