Луксузен кралски воз кој звучи како идеална идеја за патување од соништата

Луксузен кралски воз кој звучи како идеална идеја за патување од соништата
17.08.19   21:01

Прочитано : 1,089

Print This Article

Љубителите на патувањата кои сакаат да го спојат луксузот со релаксација ќе се воодушеват од овој генијален воз кој го нуди сето тоа, но и многу повеќе. Станува збор за проектот „Претседателски воз“ од 19-ти век, кој денес на пошироката јавност ѝ е достапен за патување во Португалија, а нуди неограничени можности кои ќе ве освојат на прв поглед. Покрај генијалниот ентериер, возот нуди и одличен гастрономски избор и магичен поглед на португалските села, па тоа е и сè што ви е потребно за време на вашиот годишниот одмор.

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата

Возот бил реновиран од страна на Гонсало Кастел – Бранко, инвеститор и голем креативец кој воедно е и заслужен за фактот што возот сè уште е во функција. Иако тој самиот не бил голем љубител на возови, по сплет на околности успеал да ги спаси остатоците од возот кој за последен пат бил употребен во 1970 година, кратко по смртта на некогашниот претседател на Португалија, Антонио де Оливеира Салзар. На почетокот возот служел како изложбен примерок во Националниот железнички музеј, а потоа Гонсало вложил милион евра за реновирање, и после 2 години, во 2016 година, возот повторно проработил.

Сите оние кои имале прилика да се возат со овој воз останале воодушевени. Тие велат дека возот буди носталгија за некои дамнешни времиња и дека чувството за време на таквото возење е нешто сосем различно од сѐ. Самиот воз во 19-тиот век служел како превозно средство за кралевите, кралиците и дипломатите, па оттаму не изненадува фактот што патувањето со него е навистина специјално и неверојатно искуство.

 

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата
Доколку сакате да патувате со овој воз, треба да знаете дека патувањето ќе трае 9 часа, и меѓу другото, го опфаќа винскиот регион Дуро. Патниците се качуваат на станицата Сао Бенто во Порто, која сама по себе остава без здив поради прекрасното уредување. Секое поаѓање е најавено за 15 минути до пладне, па првите часови од возењето се резервирани за ручек сервиран во неколку последователни врвни чинии. Првата станица е Кинта ду Везувио и имотот на кој се наоѓа една од најубавите градби во тој крај. Иако тој е обично затворен за јавноста, сепак како дел од турата на „Претседателскиот воз“, посетителите добиваат можност да навлезат подлабоко во португалската историја, како и да ги испробаат вината од тамошната винарија.

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата

Интересно е да се спомене дека возот патува само 25 пати годишно, и секогаш има нов шеф кој е задолжен за приготвување на храната. Секој од нив за својата работа има добиено барем една Мишелинова ѕвезда, а во возот се служат по 4 курсеви храна заедно со одлично одбрани вина. Тука е и попладневниот чај кој гостите го пијат за време на зајдисонцето, искуство кое е придружено со музика во живо.

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата

Луксузен кралски воз звучи како идеална идеја за патување од соништата

За да го доживеете ова искуство можете да резервирате еднодневна или дводневна екскурзија, која вклучува и ноќевање во хотелот „Шест сетила“ (Six Senses), каде што пак гостите можат да уживаат во врвните спа третмани. Звучи како одмор од соништата, зарем не?

  Категории: