Љубе Бошкоски денеска ќе сведочи за „Тортура“

Љубе Бошкоски денеска ќе сведочи за „Тортура“
3.09.18   09:44

Прочитано : 122

Print This Article

Со сведочење на Љубе Бошкоски денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски.

Обвинителот Љубомир Лапе во воведните зборови на претходното рочиште рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања.

Според Лапе, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила. Полицајците, како што рече тој, ја послушале наредбата и ги пренеле заканите од Мијалков, а еден од обвинетите му ставил пиштол на глава и му рекол „бел ден нема да видиш“.

  Категории: