Лепче и путерче

Лепче и путерче
12.07.19   19:58

Прочитано : 1,982

Print This Article

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да реагира по објавата на разговорите на премиерот со руските мајтапчии и провокатори. Ајдеее… Минатата недела ќе ја ставаа в затвор Тамара за погрешно отпеана химна.

Значи и кога беа на власт, а особено сега кога се во опозиција вмровците прават бука. Силно врескаат за сѐ и сешто, само за да се заборават нивните злосторства. Во јавните настапи тие не се бават со вредности. Туку со хистерично врескање кое има една единствена цел – неспособноста и комичните гафови на оваа власт да се изедначат со нивните зулуми и гадости.

Не знам што чекаат. Што не му поднесат интерпелација на претседателот Стево Пендаровски оти на Бојко Борисов му рекол „љубави кај си“. Оти ова „љубави“, или „кај си бе, брат“, или „пеер“ е исто што и аболицијата што ја направи Ѓорѓе Иванов на 56 осомничени и обвинети за криминал. Оти, нели – сите се исти.

И разговорот на Заев со руските провокатори е ист како разговорите што ги слушавме во бомбите. Оти „Здраво Петро“ е за гонење од обвинителство, а гонење за „да не е многу“, „му тече низ ногавици“, „со динамит да ги рушиме, да не го тупиме“ е политички прогон. Оти, кога двајца Руси се мајтапат со премиерот е лошо за државата, а кога премиерот се мајтапи со народот претставувајќи го Субрата Рој за инвеститор – тоа е добро за државата. И оти, да се скинеш од смеење е кога го слушаме премиерот како сериозно разговара со двајца мајтапчии, ама кога слушавме како на премиерот гатачка вработена во Царина два саата му везе што ќе му донесе хороскопот, тоа ич не беше смешно. Оти беше стратешко планирање за евроатлантските интеграции.

И во тоа врескање на ВМРО-ДПМНЕ дека сите се исти со нив, вреска и Груевски од бродот со старлетите и пензионираната порно ѕвезда во Будимпешта. Тој има лице да ги толкува сопствените разговори за криењето на убиството на Мартин Нешковски. И за масакрот на Смилковско Езеро. Да не има да каже нешто и за Диво Насеље?

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести