Лени Кравиц се прошета низ Старата скопска Чаршија, па објави видео

Лени Кравиц се прошета низ Старата скопска Чаршија, па објави видео
2.05.19   20:50

Прочитано : 1,599

Print This Article

Музичарот пристигна во Скопје, каде утре ќе одржи концерт во “Vip Arena”.

Светската музичка ѕвезда, Лени Кравиц, моментално е во Скопје. Причината – веројатно ви е позната на сите. Американската рок легенда утре ќе има концерт во нашиот главен град, во “Vip Arena”.

Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove

Posted by Lenny Kravitz on Четврток, 02 мај 2019

Лени денес се прошета низ Старата скопска чаршија, каде видно расположен делеше автограми и се фотографираше со своите фанови.

Музичарот притоа објави видео на својата Фејсбук страна, а во описот напиша: “Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе”.

  Категории: