ВИДЕО: „Лекари без граници”: До 2025 година, 3,5 милијарди луѓе ќе имаат недостиг на чиста вода

ВИДЕО: „Лекари без граници”: До 2025 година, 3,5 милијарди луѓе ќе имаат недостиг на чиста вода
25.03.19   13:21

Прочитано : 38

Print This Article

До 2025 година, се очекува дека повеќе од 3,5 милијарди луѓе ќе се соочат со недостиг  на чиста вода. И покрај напредокот и развојот на светот, мног држави се уште немаат пристап до чиста и питка вода.

Иако организацијата „Лекари без граници“ (мсф) обезбеди околу 230 бунари во Чад, Нигер, Кенија, Сомалија, Авганистан и Конго за 140.000 луѓе, се смета дека во наредните 8 години ќе нема  чиста вода не само за овие држави туку и за економски-посилните…

Организацијата смета дека крајно време е сите луѓе во светот да имаат пристап до питка вода која е неопходна за живот. Според нивните податоци, околу 2,1 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода, 263 милиони луѓе секојдневно пешачат по половина час за да ја згасат својата жед, а три од 10 лиуѓе користат нечиста вода…

Според статистиките на организацијата, на секои 90 секунди умира по едно дете поради жед…

– Минатата година бевме во местото Танга во Танзанија. Бевме сведоци дека луѓето поставуваа контејнери на покривите од куќите во кои собираа дождовница. Ги прашав зошто го прават тоа. Ми одговорија дека ја пијат таа вода, а ја користат и за подготовка на храна – појасни Танрикулу.

Недостигот на вода за пиење е причина и за голем број епидемии на различни болести од кои умираат голем број луѓе…

  Категории:
view more articles

Актуелно