Лавица во Зоолoшка умрела пред два месецa од старост

Лавица во Зоолoшка умрела пред два месецa од старост
19.02.16   14:13

Прочитано : 474

Print This Article

Во Зоолошката градина во Скопје пред два месеца починала лавица од старост, информираат од управата, откако здружението за заштита на животни „Анима мунди“ праша дали е точна информација дека починал лав, пренесува Плусинфо.

zoo[1]

– Не е точно дека починал лав, туку беше лавица, но тоа се случи уште пред два месеца, па не е јасно со која цел здружението реагира дури сега. Немаше никакви пропусти во лекувањето туку животното почина од старост. При обдукцијата се утврди и дека имала канцер – објаснуваат од управата на Зоолошката градина.

„Анима мунди“ објави дека има неофицијална информација дека во Зоолошката умрел лав, бидејќи болеста не му била навреме откриена и лекувана.

„Според непотврдените информации кои стигнаа до нас во Зоолошката е повторно умрено животно, лав, починат од болест која не му е навремено констатирана и лекувана. Звоневме на фиксниот телефон на Зоолошката градина за да ја провериме оваа информација, но не ни беше кренато.

Откако, според изворите, несреќното животно починало, смртта се крие. Прашуваме дали е вистина и ако е ова точно зошто Зоолошката градина не ја информира јавноста за ваквата загуба, што се премолчува и крие? Зоолошката не е приватно претпријатие туку затвор за животните кој е , за жал, платен од буџетот, парите на граѓаните и секако должност на Зоолошката е давање отчет. Тие животни не се нивна играчка и не се заменливи. Потсетуваме дека, доколку е податокот вистинит, ова ќе биде уште едно животно во низата животни кои се мртви во исклучително сомнителни околности , а желбата да се премолчи овој случај (како сите минати случаи) дава за право да веруваме дека со животните се постапува нехумано, несоодветно, дека исклучително многу страдаат..

Очекуваме одговор од Зоо Скопје а граѓаните ги повикуваме на БОЈКОТ на зоолошките, зошто тие се олицетворение на срамот, суровоста, алчноста и бедата на нашето општество“, стои во соопштението од „Анима мунди“ испратено утрово.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести