Лансирни системи во Европа и договорот „Отворено небо“ – Анализа во Студио 1

Лансирни системи во Европа и договорот „Отворено небо“ – Анализа во Студио 1
22.02.19   17:22

Прочитано : 53

Print This Article

Јана Јосифоска и Влатко Чаловски во отвореното Студио 1 зборуваа за најновите случувања во светот и регионот со новинарот Дејан Андоновиќ. Првата тема беа тензиите меѓу САД и Русија.

-Милош Земан, претседателот на Чешка рече дека нема да дозволи разместување на лансирни системи кои треба да се превентива на напад од исток, а Лукашенко му дава поддршка на Путин. Пред неколку дена, Путин се обрати пред Собранието во Москва каде што рече дека има хиперсонична ракета, тоа ги покажа тензиите во Европа со разместувањето на оружјето со краток и среден дострел и поради повлекувањето на договорот 1987 година. Почна новата трка во вооружувањето. Веројатно политиката на запад е да ја исцрпи Русија која и онака е исцрпена од економските санкции, рече Андоновиќ.

Андоновиќ зборуваше и за информацијата дека Пентагон ќе ја недлетува Русија за да се проценат руските воени активности.

-Ова е пракса востановена од 2002 година со договорот „Отворено небо“. Тоа има две поенти. Едната е дека соработуваат, а втората е дека Русите можеби ќе покажат нешто па можеби ќе ги загрижат Американците. Тоа веројатно е се однапред изврежирано, анализира Андоновиќ.

Тој зборуваше и за кризата во Венецуела. Во земјата пристигна хуманитарна помош, која Мадуро ја нарече провокација, а земјата ги затвори границите со Бразил и Колумбија.

-Еден податок е дека преку таа хуманитарна помош може да влезе оружје и останати работи за потребите на фронот кој е внатере во Венецуела. Прашањето на Мадуро е зошто Русија да не може да прати. Мадуро вели не ни треба западната помош, ние сакаме Русија да ја прати, истакна Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести