Лајм: УЕФА ќе бара објаснувања дали ДУИ тера политичка кампања со нивни пари

Лајм: УЕФА ќе бара објаснувања дали ДУИ тера политичка кампања со нивни пари
9.07.19   20:00

Прочитано : 1,475

Print This Article

УЕФА се очекува да побара објаснувања од Македонската Фудбалска Репрезентација дали со нејзини средтсва се врши промовирање на политичари и политички партии во нашата земја. Извори блиски со европската куќа на фудбалот за весникот Лајм изјавиле дека причина за алармот е присуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други челници на оваа партија, на поставување на камен темелникот на новата трибина на фудбалскиот стадион во Чаир, што се финансира од пари на УЕФА.

Како што пишува Лајм, УЕФА стравува дека овој случај преставува обид за злоупотреба на спортот, односно фудбалот за политички цели. Стравот е уште поголем поради тоа што станува збор за политичари за кои има истраги од СЈО за кривични дела. Ахмети е под истрага за последниот попис на населениоето заедно со екс премиерот Никола Груевски, додека Бујар Османи за корупција. Нивното присуство на церемонијата во Чаир не се совпаѓа со духот на спортот, па затоа УЕФА ќе бара сериозно објанување од претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.