Квантен скок

Квантен скок

“Квантен скок”е воедно метафора и синтагма украедна од науката на која лаиците во секојдневното говорење и го промениле значењето,па така многу политичари и аналитичари се бламираат во своите јавните настапи кога се обидуваат ова кованица да ја користат во популарното значење како некое големо достигнување најчесто во нивните мандати.Некаде во совршениот свемир духовите на М.Планк,Н.Бор,В.Хајценберг,А.Ајншатајн или Е.Шредингер се потсмевнуваат како на својта своевремена (почеток на 20-тиот век) несовршеност да ја дефинираат транзицијата на атомските електрони кои ги бираат новите состојби или енергетски нивои.Тие промени се наречени “квантни скокови”,бидејќи наведените гении не знаеле доволно за таа транзиција,која дури во 1980 година физичарите успеале да ја “видат” со сопствени очи.Тие се подсмевнуваат и на псеудонаучните,надрилекрските и њјуејџ ламентирањата за потребата за некој “квантен скок” во свеста,за астралните патувања,квантна медицина и сличните далавери за обманување на бизнис заедниците ама и на народот.

И политичарите чии ПР штабови ги пратат достигнувањата која на Макијавели не му биле достапни,да ги импресионираат своите поданици гласачи,па така оваа синтагма влезе и во политичкиот речник.Кај нас е лансирана пред речиси две години во изјавата на високо рангиран политичар кој по повод формирањето на лоби групата “Охрид” (поддршка за НАТО и ЕУ) наведе дека “Македонија направила “квантен скок” од заробена држава до обнова на демократијата и владеење на правото”.Пред некоја вечер надежен млад политичар користејќи ја синтагмата “квантен скок” повеќе пати не убедуваше дека таков скок постигнавме со Преспанскиот договор, а следи и нов “квантен скок” доколку победиле на следните парламентарни избори.При вакви толкувања на “квантниот скок” се заборава дека тој не е ист како “Кенгуровиот скок” кој секогаш е нагоре.Во физичката стварност “квантен скок” е посебно краток,мал,изненаден и нефатлив,бидејки електронот од една квантна состојба за неколку нано секунди “скокнува” од една квантна состојба во друга.Скокот на електронот може да биде и во бездна,а не само нагоре,но не можe да се задржи во положба на средина од една до друга квантна состојба,односно во транзиција која кај нас предолго трае,ако сакаме да се изразиме со вокабуларот на политичарите.Корисно е од ова сепак лаичко толкување на “квантниот скок” во иднина да се заобиколуваат вакви синтагми кои всушност не значат ништо.Ние сепак живееме во реален свет.А реалноста е следна.

Ние сме во временски цајтнот.Знаменцето се заканува да ни падне поради недостиг на времето.Ние не влечеме брзи потези туку чекаме грешка на противникот или времето да истече.

Се улулкуваме дека сите не подржуваат што не е точно.Веруваме дека сме ги исполниле сите услови,при што мислиме на историскиот Преспански договор и Договорот со Софија,што надворешниот фактор не го минимализира,но се обидува со дипломатски јазик безуспешно да ни укажува на реалноста.Ние не разбираме софистицирани дипломатски термини насочени да не разбудат.Ние погрешно толкуваме термини како “поддршка”(на што веќе 15 години укажувам) или на термините наведени во неодамнешата колумна од поранешниот ни МНР,Д.Малески за “надеж” и “очекувања”.Ние погрешно ги толкуваме изјавите на европските званичници.Последен пат на еврокомесарот Унгарецот Вархељи.Тоа ќе се случи и со утрешната посета на претседателот на Европскиот совет,Белгијанецот Шарл Мишел.

Ние правиме непотребни грешки и веќе постигнатите резултати ги ерозираме без потреба.Не сме конзистентни во надворешната политика.Даваме нереални очекувања.Најавивме дипломатска иницијатива,од кој единтвено се гледа циркуларното писмо до нашите амбасадори,наместо креатори на надворешна политика во улога на ливрејисани чувари на власта.Ние тоа го нарекуваме професионалност.Иницијативата дојде од друга страна од Брисел,бидејќи за НАТО е се јасно,во оваа фаза на нашето членство во Алијансата.Нашиот МНР презимува во Скопје и се огласи со мега интервју во МИА.Тоа е иницијатива а еден месец од 2020 истекнува.За две недели започнува кампањата.Започнатите судски процеси стивнуваат.Нови скандали во срцето на правосудството проодолжуват.Кучињата лајат,карваните врват.Медиумите се во колапс.Социјалните мрежи се под висок напон.Креираат јавно мнение.Лажно.

Опозицијата е безидејна и дезориентисана.Трета опција нема.Во борба за власт партиите изгубија идеолошка подлога.Се е измешано.Размнужувањето на ВМРО во помали партии не престанува,а не ми е јасно по што е разлика меѓу Либерално-демократска партија и Либерланата партија.Заедничко им е камерното членство,или или меѓу Новата социјалдемократска партија и СДСМ.Левицата повеќе наликува на крајна десница.Зелената партија е зелена по идеите и влијанието.Помалите партии со етнички предзнак се само декор во рамките на политичкиот фолклор.МПЦ дезориентирана како и владата во црковните прашања (државна делегација во Цариград).Не нема таму каде треба да бидеме.Давос е последен пример.

Каде е решението?Секако не во “квантни скокови” кои се мерливи, но само во физиката.Опозицијата(ВМРО) треба да се трансформира во партија,секако народна а не демохристјанска,која никогаш ниту била.Вешто ги користи грешките на актуалната власт и пофторно враќање на власт е над националниот интерес на државата.Владата е практично блокирана а наскоро и Парламентот.

Ќе почнат да ни пристигнуваат лобисти од влијателните сестрински партии на нашите поголеми партии за давање поддршка да се победи на изборите.Цената е позната и секако транспарентна.Народот е партиски поделен.Ќе гласа за помало зло.Наскоро партиите ќе излезат со своите адути.Сеирџиите завземајте ги местата.Набљудувачите не знаат.На Брисел можеме единтвено да понудиме демократски избори и докази за суштински реформи во правосудството.Ратификација во шпанскиот парламент која е извесна а и во нашето Собрание не може да значи “квантен скок”.Не помагаат синтагми од насловот на колумнава.Ратификацијата е дел од процедурата која ќе се заврши.Малку аргументи да биде круцијален момент за исход на изборите.Во секој случај во април не очекува нова офанзива во пресрет на европските звездички.

Ѓорѓи Мисајловски

23.01.2020