Квалификации за ЕП 2020: Два гола на Елмас за победа над Словенија

Квалификации за ЕП 2020: Два гола на Елмас за победа над Словенија
10.10.19   23:07

Прочитано : 457

Print This Article

– Репрезентацијата на Северна Македонија вечерва забележа важна победа над Словенија со 2:1 (0:0) во квалификациски меч за ЕП 2020 од групата „Г“, кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Двата гола за „жолто-црвените“ ги постигна новиот фудбалер на Наполи, Елиф Елмас, кој беше прецизен во 50-тата, по одличната асистенција на Горан Пандев и 68-та минута, откако по одлична контра на нашиот тим офанзивниот фудбалер излезе сам пред голманот на Словенија, Јан Облак и реализираше.

Почесниот гол за гостите го постигна играчот на Аталанта, Јосип Иличиќ од пенал во 95-тата минута.

По овој меч, нашата репрезентација е на третото место со 11 бода (3-2-2) по седум одиграни кола, на само два од второто место, на кое во моментов е Австрија и кое носи во баражот за пласман на Европското.

Во другите два меча од групата, Австрија ја совлада селекцијата на Израел со 3:1, додека лидерот на табелата Полска немаше проблеми на гостувањето кај Латвија и ја совлада со 0:3.

Токму со „дружина полска“ нашите фудбалери ќе го имаат клучниот меч на гостински терен, a дуелот се игра во недела, 13 октомври.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно