Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски
19.03.19   21:06

Прочитано : 778

Print This Article

Судот му одредил куќен притвор на Стевчо Јакимовски поради здравствени причини, а за неговиот соработник В.С е наложена мерка за претпазливост. За другиот соработник Т.Ѓ веќе постои мерка за претпазливост во случајот „Топлик“, поради што не е определена за овој случај.

Како што известува екипата на 1ТВ пред судот, адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски, ја потврдил оваа информација и во моментов дава изјава за новинарите. Тој најави дека ќе се жали на одлуката, затоа што, според него, нема основано сомневање за кривичните дела на Јакимовски.

Адвокатот вели дека станува збор за исто дело како лани, кога Јакимовски беше ослободен од август, а во меѓувреме не направил никакво друго дело.

Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.

Тој од утрово е приведен заедно со уште двајца вработени во општината, кои се исто така обвинети за злоупотреба на службената положба во Карпош 4.