Кривична за стружанец кој поседувал ловна пушка и муниција без дозвола

Кривична за стружанец кој поседувал ловна пушка и муниција без дозвола

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од с. Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.