Кривична за кичевец кој се изживувал врз неговите коњи

Кривична за кичевец кој се изживувал врз неговите коњи

Полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен маж од село Србјани за мачење на животни.

Според информациите на МВР, А.А.(41) од кичевското село Србјани, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја.

„Тој ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не превзел мерки за санирање на предизвиканите повреди“, соопштија од полицијата.