Косовската Влада ја започна седницата со едноминутен молк за загинатите во несреќата кај Карпалак

Косовската Влада ја започна седницата со едноминутен молк за загинатите во несреќата кај Карпалак
14.02.19   10:16

Прочитано : 86

Print This Article

Косовската Влада ја зпочна денешната седница со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.

– Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените, напиша Харадинај.