Косово на Англија и го даде најбрзиот гол во последните 26 години

Косово на Англија и го даде најбрзиот гол во последните 26 години
11.09.19   09:40

Прочитано : 780

Print This Article

Англија синоќа на дуелот со Косово во меч од квалификациите за ЕУРО 2020 прими гол во 34 секунда. Ова е најбрз примен гол на „Гордиот Албион“ во последните 26 години.

Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Лацио, Валон Бериша.

Натпреварот заврши со победа на Англија 5:3.

Најбрзиот гол англиската репрезентација го прими во ноември 1993 година. Тогаш во квалификациите за СП во 1994 година, играчот на Сан Марино, Дејвид Гуалетиери го погоди англискиот гол во осмата секунда.

  Категории:
view more articles

Актуелно