Контролирано плачење – нов начин за побрзо заспивање на бебето

Контролирано плачење – нов начин за побрзо заспивање на бебето

– За родителите кои имаат проблем со долго успивање на своето бебе, стручните лица советуваат нов метод – со т.н. контролирано плачење.

„Концептот“, како што многумина веруваат, не се состои во тоа – просто да му се дозволи на бебето да плаче додека не заспие. Контролираниот плач подразбира малечкото да плаче само кус одреден период.

„Принципот“ вели дека кога ќе дојде време за в кревет, родителот го остава детето во колевката и ја напушта собата. Без оглед на тоа дали плаче или не… Ако бебето плаче, родителот чека неколку минути, па се враќа, да го смири и посвети внимание, но без да го земе в раце. Потоа, повторно – додека бебето е будно, го остава само и се враќа, сè дури бебето не заспие.

Како што пишува motherandbaby.co иако некому му е тешко и неприродно да го слуша детето како плаче подолго време, стручните лица сметаат дека така бебето сфаќа дека кога родителот ќе излезе од собата, тоа треба да спие. И, така, проблемот со долгите ноќни нишкања.

Тоа навикнување може да трае и недела или две. Но, овој метод не се препорачува за новороденчињата под шест месеци, како ни за децата со здравствени проблеми.