Колку ќе наплати семејството Цаноски за „Космос“ – разговор во Студио 1

Колку ќе наплати семејството Цаноски за „Космос“ – разговор во Студио 1
19.03.19   21:06

Прочитано : 1,553

Print This Article

Откако од бомбите што ги испитуваше СЈО се дозна за начинот на кој поранешната власт договарала уривање на комплексот „Космос“ на семејството Цановски, тие најавуваат рестартирање на мегапроектот. Во јавноста се шпекулира за повеќе суми за отштета, но Сефер Цановски, кој е гостин во отвореното Студио 1, потврди дека ќе бараат неколку десетици милиони. Проблем останува кој ќе плати за стореното од поранешниот премиер Никола Груевски – сме сите ние, со пари од буџетот.

-Објектот почна да се гради во 2010. Дозволата трае 10 години. Ние 8 години се бориме за правда. До сега нема црно на бело зошто некој дошол и со динамит ни ја урнал инвестицијата или нашиот дом. Во оваа фаза, во време на Груевски, имавме две можности. Вие бевте во А1 кога го изгаснавте светлото. Тоа беше декември 2010. Ние имавме период од декември 2010 до 1. август, знаевме што се случува и што нѐ чека. Имавме можност да продадеме, да се отселиме, да најдеме начин како да се спасиме, но се случи тоа што се случи. Горд сум што останавме во тој период и што се боревме на страната на правдата, но таа и по 8 години не е дојдена, вели Цановски.

Како што објаснува, во времето на Груевски им биле блокирани сите сметки за да пропаднат, но успеале да издржат и да не го продадат за без пари, и покрај тоа што тогашната власт ги бркала сите инвеститори на кои сакале да им ја продадат градбата. За да ги покријат штетите од уривањето, морале да продадат голем дел од капиталот и сега ќе изгубат уште толку за да не пропадне проектот целосно и да биде изграден додека сѐ уште е важечка дозволата. За поранешниот премиер вели дека не сака да зборува, туку се бори правдата да излезе на виделина, затоа што не го заслужиле тоа што им се случило.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести