Кој ќе трча на претседателските избори за владејачката коалиција?

Кој ќе трча на претседателските избори за владејачката коалиција?
28.02.19   19:00

Прочитано : 1,385

Print This Article
pretsedatel

Кандидатот на владејачката коалиција  кој ќе ја трча претседателската трка нема да биде изненадување, тука  еден од најчесто споменуваната четврока, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска, Спасовски. Во СДСМ велат официјално името ќе биде соопштено на Конгресот во недела, неофицијално ќе се знае веќе утре или задутре, по уште една средба меѓу владините партенери.

За одлуката владејачката коалиција да излезе со консензуален претседател опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев е во паника. Велат дека нивниот кандидат професорката Гордана Силјановска Дафкова ќе биде идниот претседател. Иако ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска сепак собира и граѓански потписи.

Опозициските БЕСА и Алијансата ќе го поддржат професорот Блерим Река, кој својата кандидатура за шеф на државата ја најави преку социјалните мрежи. Од ДИК за 1 тв велат дека досега пријавени кандидати кои ќе собираат потписи освен професорката Силјановска, се и Амди Бајрам, генералот Димче Петровски, Јосиф Мирчевски и Филип Петровски.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести