Кој е виновен за смртта на малата Тамара – Дебата во Студио 1

Кој е виновен за смртта на малата Тамара – Дебата во Студио 1
9.11.18   20:04

Прочитано : 282

Print This Article
loading...
loading...
студио-09-11

Тамара не ги доби потребните документи за лекување во странство, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекуваа процедурата за нејзина операција.

Институциите не можеа да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара, која имаше тежок деформитет на рбетниот столб.

Смртта на Тамара, и денеска предизвикува голем број реакции, а беа организирани повеќе протести, со кои се бараше оставка и одговорност за виновниците за нејзината смрт.

Обдукциските наоди, причинско-последичните нешта кои предизвикале смрт? Зошто за малата Тамара конзилијарниот предлог е да биде оперирана надвор од Македонија а првостепените комисии го одбиваат тоа? Зошто роковите за одлучување, каде во прашање се човечки животи, се премногу долги и дали на здравството му фали системско забрзување за вакви настан да не се повторуваат? Зошто од месец април кога почнува барањето за операција повеќе од три месеци се чека одговор од Клиничка болница и бирократските процедури траат недозволено долго? Треба ли да се промени нешто во регулативата за болести кои се од „висок ризик“ по животот?

На оваа тема во Отворено Студио 1 со домаќинот на денот Јадранка Костова дебатираа педијатарот Аспазија Софијанова, д-р Владо Поповски и д-р Никола Граматиковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

  Категории: