Кога ќе се изградат новите, од Скопје до Гевгелија ќе се плаќаат вкупно 5 патарини

Кога ќе се изградат новите, од Скопје до Гевгелија ќе се плаќаат вкупно 5 патарини
16.04.18   20:17

Прочитано : 826

Print This Article

На почетокот на следната недела се очекува да биде пуштена во употреба новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица и по тој дел од автопатот „Пријателство“ првично ќе се вози без плаќање патарина.

За двете планирани наплатни станици на автопатот кај Гевгелија и кај Демир Капија, градежната дозвола е издадена пред три недели, а за завршување, како што изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, се потребни околу осум месеци.

Заедно со постоечките три, на патот од Скопје до Гевгелија ќе има вкупно 5 патарини.

– Во моментов се градат новите патарини кои нема да бидат како постоечките, на нив ќе нема никави застои, ќе бидат електронски, со припеид, со тагови. Ќе има патарини и на тој дел од автопатот, а цената се утврдува согласно Правилник, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој не кажа кога очекува да профункцираат патарините.

– Не може да се каже дека ќе биде бесплатно, патарините ќе си функционираат, за новиот дел на автопатот дозволата за градба е дадена пред неполн месец, па пресметајте, наведе Китанов.

На новиот автопат од Демир Капија до Смоквица ќе бидат поставени две патарани. Првично, беше планирано да бидат поставени три патарни.

Но, и со овие две, од Скопје до Гевгелија ќе имаме дури пет патарини. Граѓаните кои годинава ќе патуваат кон Грција ќе бидат поштедени од плаќање на новите две патарини. Тие се очекува да бидат изградени до крајот на годинава.

-Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци… Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија….Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести