КК Гостивар бара одложување на купот

КК Гостивар бара одложување на купот
14.02.19   11:06

Прочитано : 60

Print This Article

Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска побара Македонската кошаркарска федерација да ја одложи завршницата од националниот куп предвидена да се игра од утре до недела во Гевгелија.

– Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар, објавено на клупскиот фејсбук-профил.

Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар.