Кирил Колемишевски нов заменик-министер за економија

Кирил Колемишевски нов заменик-министер за економија

Алсат неофицијално дознава дека на вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски. Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор. Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов ја напушта функција и заминува на друга позиција.

Освен Колемишевски, се очекува вечерва ЦО на СДСМ да го поддржи предлогот, Нина Ангеловска да биде кандидат на СДСМ за министер за финансии на упразнетото место на Драган Тевдовски.