Кекеновски го даде на Уставен суд Законот за јазиците

Кекеновски го даде на Уставен суд Законот за јазиците
18.01.19   12:55

Прочитано : 139

Print This Article

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за јазиците. Според него, власта каубојски и дрско го донела Законот со кршење на Уставот, законите и собранискиот деловник, а спорно е и тоа што Законот не бил донесен со двотретинско мнозинство.

Како што вели тој, најспорен е начинот на кој што Законот беше изгласан.

-Мислам дека Законот е усвоен со недеоволен број гласови. Требало двотретинско мнозинство, а не 69 гласа „за“, рече Кекеновски.

Тој додаде дека со законот се врши повреда на владеењето на правото, а Уставниот судија мора да има предвид и дека законот не е потпишн од претседателот, како мнгогу други закони кои не стапиле во сила во ваква ситуација.

Кекеновски бара до донесувањето на конечната одлука по иницијативата, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршување на поединечните акти или дејствија што се преземаат во моментов врз основа на Законот, а како аргумент ги посочува финансиските импликации кои според него може да предизвикаат последици што понатаму би било тешко да се отстранат.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести