Кечијанг: Решавањето на спорот со Грција е резултат на лидерството на двете земји

Кечијанг: Решавањето на спорот со Грција е резултат на лидерството на двете земји
12.04.19   18:01

Прочитано : 127

Print This Article

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината.

Кечијанг на денешната средба со премиерот Зоран Заев на маргините на 8. Самит на шефови на влади од процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1), порача дека Кина ги поддржува напорите на нашата земја за интеграција во ЕУ.

Премиерот Заев на средбата ја потенцираше важноста на поддршката што Кина во континуитет и ја дава на земјава, од независноста до денес.

Двајцата премиери изразија интерес за унапредување на трговската и економската соработка во областа на инфраструктура, земјоделството, енергетиката, образованието, културата и туризмот.

Заев нагласи дека Договорот помеѓу двете влади за заедничко признавање академски дипломи и други образовни сертификати е во финална фаза.

На крајот од средбата со кинескиот премиер премиерот Заев изрази задоволство што Скопје е назначен за седиште на Координативниот центар за културна соработка од процесот на соработка 16+ и го информираше кинескиот премиер Кечијанг дека Скопје ќе биде домаќин на „Форумот за култура“ во рамки на процесот 16+ 1 од 19-ти до 21-ви ноември оваа година.