Ќе се продлабочува ли кусокот од 424 милиони евра во ПИОМ?

Ќе се продлабочува ли кусокот од 424 милиони евра во ПИОМ?

Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување има рок уште денеска за да ги достави информациите што ги бара министерсата за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Доколку во текот на денешниот ден државниот фонд не ги достави податоците, Ременски најави дека ќе ги процесуира кривичната и прекршочната пријава, кои веќе се подготвени, пишува Фактор.

fond penzisko piom

-Ова е уште една шанса и секој треба да си ги превземе законските обврски. Сериозно е прашањето со неисполнување на законската обврска на Фондот за ПИОМ да овозможи министерството за труд и социјална политика да ја утврди законитоста во делот на обврските кон приватните пензиски друштва.Во два наврати Комисијата што е формирана со решение од минситеср и има обврска да ја следи работата и законитоста на постапувањето на Фоднот за ПИОМ во повеќе права од повеќе закони, е попречена во извршување на надзорот и тоа повлекува кривична одговорност. Но не сметавме дека пресметаниот ризик за кривична одговорност ќе ги даде одговорите на прашањата кои се од исклучителна важност и за јавноста и за министерството, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Ременски бара од директорот на државниот фонд Шаип Зенели, да достави податоци како се исполнуваат обврските кон приватните пензиски друштва односно динамиката на исплата по месеци од 2012- година до 2015, дали парите се префрлаат во законскиот рок, колкав износот на средствата на неидентификуваната сметка, од каде најде ПИОМ пари за одеднаш да го исплати долгот од 11,3 милиони евра. Ременски вели дека овие информации сеуште и по речиси месец и половина не ги има добиено.

Уште на стартот на годинава, Фондот за ПИОМ потрошил повеќе отколку што е планирано во овој период. Според информациите до кои дошла министерката Ременски, во првите 15 дена од годинава дефицитот на државниот фонд е продлабочен за околу 7 милиони евра.

Во првите 15 дена од месец јануари веќе е направен дефицит на сметката на Фондот за ПИОМ со раздолжувањето кон приватните пензиски фонда. Тоа ќе се провлекува во следните месеци до крајот на 2016-та година и ќе остави простор на повторно јавување на долг на Фондот за ПИОМ кон приватните пензиски друштва, изјави министерката Ременски.

Податоците покажуваат дека од 2008 година дефицитот на Фондот за ПИОМ  расте со забрзано темпо.