Казни добиле сите сосе славеникот Ахмети, Груби ја платил

 

Платни налози по 20 евра за неносење заштитна маска им се изречени на сите 15 функционери од Демократската унија за интеграција кои се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, потврди Министерството за внатрешни работи.

Груби за медумите потврди дека го примил налогот и дека веќе е платен.

Функционерите на ДУИ на 4 јануари без маски на лицето се сликаа славејќи го роденденот на нивниот лидер Али Ахмети.

Меѓу првите кои ја ја добиле белешката за глоба од 20 евра, а која доколку се плати за 8 дена се намалува на 10, е и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши кој е е на состанокот, но не пријавил никаде дека се кршат протоколи заради тортата на партискиот лидер, информира Телма.
Меѓу последните кому му е доставена белешката е парламентарниот спикер, кому му е однесена дома во гостиварско Форино. Не одговори на нашите повици и прашања.

Back to top button
Close