Казна за претседателот на Словачка за криење на информации за неговата изборна кампања

Казна за претседателот на Словачка за криење на информации за неговата изборна кампања
15.05.19   08:30

Прочитано : 36

Print This Article

Парламентрната Комисија за борба против конфликт на интереси му изрече парична казна во висина на три месечни плати на претседателот на Словачка Андреј Киска.

Казната на Киска му е изречена поради криење на информации дека неговата изборна кампања во 2014 година била финансирана од фирма што е негова.

Киска, чиј претседателски мандат истекува за еден месец, а чија месечна плата е 13.000 евра, ќе мора да плати казна од 39.000 евра.

Претседателот ја оспори одлуката на парламентарната комисија и ја дефинираше како политички мотивирана. Намерата на Киска е да го даде случајот на словачкиот Уставен суд. Тој е поддржан од парламентарната опозиција.

Андреј Киска влезе во политиката од светот на големиот бизнис. Тој ја презеде функцијата претседател на 15 јуни 2014 година. Киска веднаш се откажа од својата претседателска плата, давајќи им пари на сиромашните словачки семејства. Функцијата претседател на Словачка, за еден месец ќе ја преземе Зузана Чаптутова, која победи на претседателските избори во март.

  Категории: